Поврзете се со нас

Англија

Гендузи загрижен поради ситуацијата во Арсенал: Ова е болно, ваква институција…

Објавено

на

Францускиот интернационалец, Матео Гендузи има активен договор со Арсенал и за наредната сезона, меѓутоа како што стојат работите одново нема да биде дел од составот од Лондон, поточно се очекува да игра во својата татковина во редовите на Олимпик Марсеј.

Меѓутоа ова не беше пречка за големиот борец да ја истакне својата загриженост за тоа што се случува во таборот на „топчиите“, големиот пад и фактот што клубот по долго време нема да игра во Европа во натпреваривачката 2021/2022.

-Многу боли тоа што клубот за првпат по 25 години не успеа да се квалификува за европско натпреварување  Тоа емоционално влијае на мене. Арсенал е голем клуб во Европа кој заслужува секоја година да биде во Лигата на шампионите. Тоа е нормално за мене, институција како оваа го заслужува само најдоброто.

-Арсенал мора да се врати таму каде што му е местото. Не ги знам причините за неуспехот затоа што не бев таму минатата сезона. Но, јас сум загрижен за ситуацијата на клубот, бидејќи Арсенал заслужува големи работи. Јас сум топчија од дното на моето срце и ќе останам таков без оглед на се, -порача Матео за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни