Поврзете се со нас

Македонија

Галевски блескаше, Алкалоид повторно се справи со Охрид

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Екипата на Алкалоид уште еднаш успешно се справи со ГРК Охрид во групата А во Суперлигата.

Македонскиот вицешампион славеше со 30:24 со што потврди дека во овој момент е далеку подобар тим од Охрид кого претходно со совлада и на негов терен со 28:22.

Избраниците на Лазаров во двете полувремиња беа на повисоко ниво, а интересно е тоа што истите ги добија со идентичен резултат 15:12.

Блескаво издание имаше голманот Иван Галевски со 17 одбрани, Серафимов и Бинго постигнаа по шест голови. На спротивната страна Теимураз и Бојаниќ имаа по шест реализации.

Алкалоид има девет од девет, Охрид пак има учинок од шест победи и три порази.

Шампионот Пелистер сигурен против Мулти Есенс

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни