Поврзете се со нас

Италија

Фудбалски спектакл на „Диего Марадона“, Елмас ја започна акцијата за клучниот гол (Видео)

Објавено

на

Наполи и Кротоне понудија вистински фудбалски спектакл на „Диего Армандо Марадона“ стадионот во Неапол, покажувајќи дека репрезентативната пауза воопшто не се одразила врз формата на голгетерите кои и тоа како беа расположени ова попладне.

Тимот на Џенаро Гатузо одново одигра натпревар во кој покажа сосема две различни лица во одбрана и во напад, бидејќи се добро што правеше во офанзивниот дел, упропастуваше со лошите реакции во дефанзивата. Наполи поведе со 2:0 со головите на Инсиње и Осимен, Сими намали на 2:1, а пред крајот на првиот дел, домаќините одново имаа два гола позитива откако погоди Мертесн од слободен удар.

Нигериецот Сими одново стапи на сцена на стартот на вториот дел и стрелаше за 3:2, а Месија искористи една катастрофална грешка во потесната одбрана за да израмни на 3:3 по еден час игра.

Ова го натера Рино да направи промени, во игра ги стави Лозано и Елмас, а македонскиот репрезентативец беше дел од акцијата која се покажа како клучна за конечниот епилог.

Елмас го замени Бакајоко на теренот, а во 72-та минута ја започна акција по која Ди Лоренцо погоди за 4:3. Македонскиот „бисер“ на овој начин запиша асистенција во Серија А, само три дена по одлучувачкиот гол кој го постигна во историската победа над Германија.

Од средбите од 15:00 часот во Серија А, Аталанта го победи Удинезе 3:2 (Несторовски не доби шанса), Горан Пандев беше поштеден во ремито на Џенова и Фиорентина (1:1), а Лацио со многу мака ја победи Специја со 2:1, без оглед на тоа што Лацари и Кореа добија црвени картони во судиското надополнување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни