Поврзете се со нас

Лига Европа

Фудбалер на Ајнтрахт: Го исполнив ветувањето кон Модриќ со победата над Барса (Фото)

Објавено

на

Србинот Филип Костиќ беше херој за Ајнтрахт Франкфурт на „Камп Ноу“ и со своите два гола ја најави и потврди сензацијата против Барселона, но покрај крилото, во центарот на вниманието се најде уште еден балкански фудбалер.

Хрватот Кристијан Јакиќ одигра цел натпревар на „Камп Ноу“ и беше дел од победата од 2:3 на германскиот тим, кој оствари еден од најголемите успеси во поновата историја со пласманот во полуфиналето на Лига Европа.

Јакиќ имаше емотивна објава на Твитер веднаш по триумфот, а интересно е тоа што на коментарот се јави неговиот далеку попознат сонародник, Лука Модриќ.

– Ветувањето е исполнето, – му порача Модриќ, а Јакиќ возврати.

– Веднаш штом заврши натпреварот, се сетив на тебе. Ти благодарам капитене, – му возврати Јакиќ, кој денеска за „Спортске Новости“ откри за што точно се работи.

– Пред реваншот на „Камп Ноу“, Модриќ ми порача дека мора да ја победиме Барселона. Тогаш му реков, капитене, ти ветувам дека ќе ги победиме. На крајот го исполнив ветувањето. Ветувањата се даваат за да се исполнат. Поради тоа Лука ми испрати таква порака, – откри Јакиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни