Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд со трансфер предлог до Клоп: Тоа би било уништувачко трио

Објавено

на

Рио Фердинанд ги комнетираше вчерашните случувања во Лигата на шампионите од студиото на „Би-Ти Спорт“, а обидувајќи да се дистанцира од секојдневните коментари за Манчестер Јунајтед, сепак не пропушти да спомене еден нереализиран трансфер на Оле Гунар Солскјер.

Легендарниот Рио остана импресиониран од изданието на Ливерпул и во ситуација кога Клоп одмори голем број важни фудбалери, но истовремено нагласи дека клубот од „Енфилд Роуд би требал да тргне по Ерлинг Халанд, напаѓачот кој своевремено Оле не успеа да го доведе на „Олд Трафорд“.

– Ако бев на местото на Ливерпул, веднаш ќе тргнев и ќе го земев Ерлинг Халанд. Мислам дека Халанд подобри би се вклопил во Ливерпул отколку во Манчестер Сити.

– Ако оди во Ливерпул, тоа ќе биде нова уништувачка тројка во нападот со Салах и Мане. Сметам дека нема да му биде тешко да се адаптира на стилот на игра на Ливерпул кој е директен.

– Според мене, многу полесно е да се адаптирате во Ливерпул, отколку во Манчестер Сити. Многу е потешко да се вклопите во тимот на Пеп Гвардиола и последен пример за тоа е Грилиш кој е фантастичен фудбалер, – потенцира Рио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни