Поврзете се со нас

Светски првенства

Емотивниот Пешиќ со солзи во очите му се обрати на Бориша (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/KSSrbije

Србија брзо го заборави лошото издание против Италија и нанижа две победи на Мундобаскетот, но оваа втората беше навистина голема и вредна пласман во полуфинале.

„Орлите“ ја надиграа непоразената Литванија и остварија голема победа во Пасај, а истата му беше посветена на играчот кој можеше да го загуби животот во изминатите неколку дена.

Бориша Симаниќ остана без еден бубрег поради удар добиен на мечот со Јужен Судан, но лекарите открија дека во опасност бил доведен и неговиот живот поради компликациите кои настанале.

– Горд сум на играчите и на начинот на кој одиграа. Некогаш ни успева да одиграме вака, некогаш не. Но, кога ќе одиграте вака против ваков ривал кој сите знаеме како дојде до тука, тогаш победата има големо значење. Одигравме извонредна одбрана, бевме извонредни и индивидуално и тимски.

– Држи се Бориша….., – порача селекторот со солзи во очите, а потоа на пресот се дообјасни.

– Неговата повреда беше катастрофа за нас, на никого не му посакуваме такво нешто. Можевме да останеме без него, да го загубиме засекогаш. Но, тој е фантастично момче и се избори. Имавме среќа што професорот Радовановиќ е искусен доктор, не знам што ќе се случеше да не беше тука. Цела заслуга за Бориша за сето она што го издржа, – се дополнил селекторот на пресот.

Емотивното видео погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни