Поврзете се со нас

Свет

Екс тренер на Рома: Путин е чудовиште, тој што го поддржува треба да оди на психолог!

Објавено

на

Воениот напад на Русија врз Украина во изминатиов период е топ тема во светот, секој ден се слууваат многу работи, има жртви, повредени, има и многу луѓе кои бегаат во соседните земји за да спасат глава.

Секако има и многу сведоштва за тоа што се случува, се споделуваат искуство, а своето го сподели некогашниот тренер на Рома, Порто и Шахтјор Доњецк, Пауло Фонсека кој за време на својот престој во Украина ја запозна неговата сопруга и доби дете.

-Беше како кошмар. Беше 24 февруари и требаше да тргнеме за Португалија во 10 часот наутро. Во 4.30 ги слушнавме првите експлозии. Бевме исплашени. Мојот пријател ДариоСрна ме покани во хотелот каде што веќе беше тимот на Шахтјор. Се сокривме во подрумот, а таму беше и тренерот на Шахтјор Де Ѕерби. Децата спиеја во вреќи, -почна Фонсека и продолжи.

-Мојата амбасада организираше комбе за Молдавија за три семејства и ја напуштивме Украина. Страшно патување, 30 часа без застанување и борбени авиони кои летаат над глава… Малку се смирив кога стигнавме во Романија. Мојата сопруга се уште плаче затоа што имаме роднини и пријатели кои останаа во Украина. Сега преку Фудбалската федерација на Португалија се обидуваме да го организираме прием на бегалците. Тоа е сè уште занемарливо во однос на 2.000.000 луѓе кои ги напуштија своите домови, -рече Португалецот кој не може да сфати како некој може да го подржува Владимир Путин.

-Она што моментално се прави и се помага е важно, меѓутоа недоволно. Европа и САД ја оставија Украина на цедило во воена смисла. Наместо да се запре чудовиштето Путин. Јас не сум политичар, но сум за затворање на небото над Украина. Навистина Русите имаат атомска бомба, нуклеарните капацитети се сериозен проблем, но вака само му дозволуваме на Путин да биде уште посилен. Го почувствува стравот од меѓународната заедница. Путин мора да биде запрен што е можно поскоро. Или подоцна ќе биде уште потешко. Најлошото допрва доаѓа бидејќи сега знаеме на што е способен овој човек. Тој е единствено одговорен за ова крвопролевање. Кој го поддржува нека побара помош од психолог, -истакна Пауло кој на прашањето дали Украина треба да се предаде одговори:

-Лесно е да се каже од безбедно растојание. Што ако Италија или Португалија беа нападнати? Дали би се бореле? Ништо не е поскапоцено од слободата. Многу земји сега се во страв. Грузија, Молдавија, Полска… Ако Путин ја добие оваа војна, тоа ќе биде голем проблем за целото човештво, -изјави 49 годишниот стратег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни