Поврзете се со нас

Европски купови

Џонов посочи што е потребно за позитивен резултат против Силкеборг: Мораме да бидеме…

Објавено

на

Македонскиот вицепрвак Алкалоид утре (18:45 часот) ќе го пречека составот на Бјерингбро Силкеборг во рамките на третото коло од групната фаза во Лигата на Европа.

Алкалоид имаше средби со Војводина и Ла Риоха во претходните две рунди, а токму тоа искуство треба да помогне тимот да се претстави во што подобро светло во СЦ „Јане Сандански“.

-Силкеборг е екипа составена од релативно млади играчи, но потпомогнати со неколку поискусни асови и главни ѕвезди како Расмус Лауге, Тофт Хансен и нивниот капитен Николај Нилсен. Се работи да типична скандинавска екипа која игра брз ракомет. Нивна главна одлика е цврстата одбрана и транзиција, ние ќе мораме да бидеме дисциплинирани во нападот, да ги лимитираме грешките и со тоа да ја неутрализираме нивната транзиција.

-Добро сме тактички подготвени за противникот, ако одиграме најдобро што знаеме верувам дека можеме да стигнеме до позитивен резултат. Ја повикувам македонската публика да дојде во што поголем број, а ние ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме, -истакна Иван Џонов.

Лазаров: Почетната трема е надмината, ако ни се укаже шанса ќе се обидеме да ја искористиме

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни