Поврзете се со нас

АТП

„Џинот“ Марјановиќ одговори на предизвикот од Ѓоковиќ, Ноле веднаш му испрати порака (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ пред пет дена испорача „предизвик за храбри“ преку своите официјални профили на социјалните мрежи презентирајќи тешка вежба за одржување баланс, а во илјадниците видеа кои пристигнаа како одговор, дојде и она од Бобан Марјановиќ.

Српскиот кошаркарски „џин“ кој е висок 224 сантиметри дефинитивно не може да се пофали со посебна еластичност, но сепак успеа да одговори на предизвикот и го прозва својот сонародник.

Светскиот рекет број еден не остана рамнодушен и слатко се изнасмеа на сработеното од страна на Боби, па и јавно го пофали за трудот.

– Одиме брате, го пројде тестот!, – гласи одговорот на Ѓоковиќ.

Инаку, Ноле овој предизвик до спортистите и фановите го испорача од Дубаи, град кој го избра како идеално место за полнење батерии и пресезонски подготовки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни