Поврзете се со нас

Италија

Двајца играчи на Јувентус позитивни на КОВИД-19

Објавено

на

Актуелниот италијански шампион Јувентус во наредниот период нема да може да смета на двајца важни играчи, стоперите Леонардо Бонучи и Мерих Демирал.

Дефанзивците имаат позитивни тестови на КОВИД-19, па нема да можат да му помогнат на клубот во битките кои престојат почнувајќи од градското дерби против Торино во Серија А кое е на програмата овој викенд.

Бонучи и Демирал сега се во изолација, а ова воедно значи дека тренерот Андреа Пирло ќе може да смета на само двајца стопери, ветеранот Кјелини и холандскиот репрезентативец Де Лихт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни