Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ му одржа дриблинг лекција на Пол Џорџ, Вестбрук доби две блокади од обрачот и наиде на сеир од Шек (Видео)

Објавено

на

Далас секако е еден од тимовите кои ќе водат голема битката за влез во плејофот во НБА лигата, а со изданија како она на Лука Дончиќ изминатава вечер, шансите за Маверикси се далеку поголеми.

Словенечката НБА ѕвезда брилјираше на мечот против Лос Анџелес Клиперс и испорача 42 поени, 6 скокови и 9 асистенции во победата од 105:89, а во самата завршница од мечот, му одржа лекција на кошаркарот кој беше втор најдобар на паркетот изминатава вечер во „Америка Ерлјанс центарот“.

Дончиќ му одржа дриблинг лекција на Пол Џорџ и уште еднаш демонстрираше дека е несопирлив кога е доволни инспириран на теренот, потег со кој ѕвездата на Далас стави печат на својата блескава партија.

За разлика од Далас, Вашингот продолжи да реди неуспеси и го претрпе петтиот последователен пораз во НБА лигата, откако не помогна ниту трипл-дабл учинокот на Расел Вестбрук.

Големата ѕвезда на Визардси забележа 26 поени, 14 скокови и 10 асистенции, но наиде и на огромен сеир од Шекил О’Нил поради фактот што на двапати беше блокиран од обрачот во обид да изрежира моќно забивање. Вашингот на крајот тесно загуби од Сакраменто со 119:121.

НБА резултати:

Детроит – Торонто 116:112
Индијана – Бруклин 115:124
Филаделфија – Милвоки 105:109
Вашингтон – Сакраменто 119:121
Чикаго – Сан Антонио 99:106
Кливленд – Бостон 117:110
Хјустон – Голден Стејт 94:108
Денвер – Шарлот 129:104
Мемфис – Мајами 89:85
Далас – ЛА Клиперс 105:89

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни