Поврзете се со нас

Италија

Дибала: Направив грешка, ама тоа не беше забава

Објавено

на

Пауло Дибала, Артур Мело и Вестон МекКени се во центарот на вниманието на фудбалската јавност во Италија, а причината за тоа е забавата која била организирана од американскиот репрезентативец.

Раководството на Јувентус планира сериозни казни за Дибала, Артур и МекКени

На истата биле присутни околу 10 лица што е прекршување на правилата воведени поради пандемијата со коронавирусот, па сега триото на Јувентус сигурно ќе заработи казни. Околу целата ситуација се огласи Дибала кој се извини за непријатноста, но воедно истакна дека тоа не било забава.

-Знам дека во таков тежок момент за светот со КОВИД ќе беше подобро да не се направи грешка, но згрешив што останав на вечера. Не беше забава, но сепак погрешив и се извинувам, -истакна Аргентинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни