Поврзете се со нас

Европски првенства

Де Лихт со коментар за групата на Европското првенство: Не е лесна, сите селекции мора да се респектираат

Објавено

на

Фудбалерот на Јувентус, Матијс Де Лихт заедно со играчот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк се очекува да го предводат одбранбениот бедем на репрезентацијата на Холандија на Европското првенство.

Ова за „лалињата“ ќе биде прв голем настан по 2014 година, па затоа во него влегуваат крајно претпазливо.

Холандија е во групата во која е и репрезентацијата на Македонија, а освен овие две селекции тука се уште и Украина и Австрија. Според многумина ова е една од најизрамнетите групи, а таков став има и стоперот на Јувентус.

Де Лихт истакна дека нема да потценат никого на ова натпреварување и против сите репрезентации ќе имаат големо почитување.

– Среќен сум што се квалификувавме на ова Европско првенство, но не мислам дека ја добивме најлесната група или нешто слично. Кон сите репрезентации треба да се однесуваме со почит. Нема да има време за опуштање, сите репрезентации заслужуваат почит затоа што се пласирале на ЕП, -јасен беше Де Лихт.

Според младиот фудбалер фаворити за освојување на континенталниотшампинат се Франција, Белгија и Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни