Поврзете се со нас

Германија

Чурлинов погоди во победата на Шалке над Нирнберг (Видео)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов по подолг период надвор од терените поради повреда, се врати во дерсот на Шалке 04 и го одигра речиси целиот натпревар против Нирнберг.

Тимот од Гелзенкирхен пред своите гледачи славеше победа со 4:1, а третиот гол на средбата беше дело токму на нашиот Чурлинов.

21 годишниот офанзивец за разлика од претходните натпревари во дресот на Шалке кога играше како офанзивен бек, овојпат беше во нападот на тимот и успеа да помогне да се стигне до победа која го враќа Шалке на третата позиција во „Цвајте“ која носи бараж натпревар за пласман во Бундеслигата.

Оувејан уште во 20. минута погоди за водство на домашниот тим од 1:0, а во акцијата за погодок учествуваше и Чурлинов чиј удар беше изблокиран, а топката дојде до Оувејан кој ја затресе мрежата на гостинот.

На самиот старт на второто полувреме Нирнберг стигна до израмнување преку Нирбергер.

Со автоголот на Шафлер во 66. минута Шалке се врати во водство, а потоа голво 85. минута постигна Чурлинов. Конечниот резултат го постави Итакура длабоко во судиското надополнување.

За нашиот репрезентативец ова беше вкупно деветти натпревар во дресот на Шалке оваа сезона, а постигнатиот гол е негов прв во дресот на тимот од Гелзенкирхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни