Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Челси и Баерн со нови победи го потврдија пласманот во четвртфиналето на ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Челси и Баерн Минхен се последните две екипи кои обезбедија билети за четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите.

„Сините“ од Лондон оваа вечер остварија уште една победа над лидерот во Примера Атлетико Мадрид кого го совладаа со 2-0. Ова беше средба која имаше некои спорни, дискутабилни одлуки на судијата Орсато, но без разлика на се домаќините дојдоа до триумф со кој со вкупни 3-0 се пласираа во следната фаза на елитното натпреварување.

Првиот гол падна во 34 минута кога Вернер го проигра Зијеш, а Мароканецот ја спроведе топката во мрежата на Облак. Атлетико во 82 минута остана без Савиќ кој доби директен црвен картон, а тоа беше искористено од домаќините преку нововлезениот Емерсон за потврда на победата.

Во Минхен, актуелниот европски првак Баерн беше подобар од Лацио со 2-1. Левандонски и Чупо-Мотинг погодија за фаворитот, додека почесниот погодок за лацијалите беше дело на Пароло.

Ждрепката за четвртфиналето е во петок, а покрај Баерн и Челси свое место имаат ПСЖ, Ливерпул, Порто, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни