Поврзете се со нас

Шпанија

Чави збесна за ужасниот старт врз Балде: Младиот дефанзивец на Барса ќе го мине одморот во рехабилитација (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона вчера ја победи Мајорка на „Камп Ноу“ и се беше во знакот на Серхио Бускетс и Жорди Алба кои за последен пат заиграа на домашен терен, но славеничкото расположение беше расипано само поради еден навистина лош момент во првиот дел.

Балде е еден од факторите поради кои Жорди Алба си оди од првиот тим на Барса по крајот на оваа сезона, но младиот дефанзивец сега ќе мора да мине период во рехабилитација пред да ги почне подготовките за новата сезона.

Причина за тоа е непотребниот и крвнички старт на Ендијае, кој дефинитивно можеше да заврши и многу полошо за младиот дефанзивец на каталонскиот гигант.

Чави Ернандес експресно се налути и не можеше да пронајде утеха во црвениот картон кој го заработи ривалот, а по натпреварот потврди дека Балде ќе мора да паузира најмалку седум седмици.

– Фудбалот знае да биде суров, но навистина се налутив за Балде. Тоа беше старт без никаков резон, надвор од место и играчите треба да се контролираат. Единствено добро е што не е најтешка можна повреда. Ќе биде во аут шест или седум месеци и паузата ќе ја искористи за рехабилитација, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни