Англија
Бура на социјалните мрежи: Ковачиќ го прослави израмнувачкиот гол на Челси (Видео)

Матео Ковачиќ стави крај на својата епизода во Челси и направи трансфер во Манчестер Сити, а вчера за првпат играше на „Стемфорд Бриџ“ како ривал откако си замина минатово лето.
Хрватскиот репрезентативец не беше стартер и доби шанса во второто полувреме, па во ситуација кога немаше преголемо влијание на теренот, во фокусот се најде една негова реакција.
Кол Палмер израмни од пенал во 95-та минута и ги постави конечните 4:4 на лудото премиерлигашко дерби, а неколку видеа кои се појавија на социјалните мрежи предизвикаа измешани реакции кај фановите.
По постигнатиот гол на Палмер, Ковачиќ се врти со грб и ја стиска својата лева рака со тупаница, па за многумина тоа беше јасен сигнал дека го слави голот на својот порашен клуб.
Навивачите на Челси останаа воодушевени што Хрватот се уште се чувствува „син“, додека оние на Сити не штедат критики за својот нов фудбалер.
Mateo Kovacic celebrating Cole Palmer's equaliser yesterday. Once a Blue, always a Blue 💙pic.twitter.com/BwCydopRtY
— CFC-Blues (@CFCBlues_com) November 13, 2023
-
Англијапред 20 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 19 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Италијапред 23 часа
Италијанска драма: Голманот не Лече се избори за пенал во 96. минута! (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Англијапред 6 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти: Валверде ужива на новата позиција на теренот