Поврзете се со нас

Светски првенства

Брестовац направи една измена во составот за клучната пресметка против Чиле

Објавено

на

Пред нас е клучниот меч за пласман во втората фаза на мундијалот во Египет, а за да се случи тоа Македонија ќе треба да го потврди фаворитскиот статус и да оствари позитивен резултат против Чиле во битката закажана за 15:30 часот.

За овој завршен натпревар од оваа рунда, селекторт Данило Брестовац се одлучи да направи една замена, па во комбинација ќе биде Горан Крстевски кој ќе го заземи местото на Дарко Георгиевски. Дарко заедно со Михајло Младеновиќ, Мартин Серафимов и голманот Никола Даниловски остануваат на трибите за дуелот со Чилеанците.

Правдата во Каиро ќе ја делат Хрватите Губица и Милошевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни