Поврзете се со нас

Италија

Бонучи е прекуброен во Јувентус, агентот конечно се огласи за неговата иднина

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Леонардо Бонучи се соочува со сложена ситуација во Јувентус поради желбата на клубот да им даде шанса на помладите играчи, па после низа шпекулации на медиумите, сега конечно со став се јави и претставникот на стоперот.

Капитенот на Јуве имаше голем број повреди минатата сезона и тоа го лимитираше во обидот да му помогне на тимот, по што Макс Алегри и директорскиот сектор на клубот го известиле дека најдобро за двете страни ќе биде да се дојде до прекин на соработката.

Лео има уште една година од договорот со Јувентус и може комотно да ја отседи цела сезона на клупата за резерви, но дефинитивно тоа нема да биде решение, а воедно ќе биде и неблагодарно да ја заврши кариерата на тој начин.

Бонучи најави дека следната сезона ќе биде последна во неговата кариера, па засега останува непознато дали ќе ја заврши истата како главен адут на теренот за некој тим, или ќе се задоволи како резерва на Јувентус.

– Слушам многу трансфер шпекулации за Бонучи, но неговата главна желба е да остане во Јувентус. Станува збор за клуб на кој беше капитен до пред неколку месеци, имаше важна улога во тимот. Тој е играч од светска класа, капитен на Италија и лидер во Јувентус. Ќе земеме во предвид само понуди кои ќе го задоволат неговот ниво и ќе бараме најдобро решение за сите страни, – изјави денеска Алесандро Лучи, агентот на Бонучи.

Според верзијата на италијанските медиуми, Бонучи има понуди од други клубови од Европа и Саудиска Арабија, но негова желба е да остане во родната земја и чека понуди од клубови во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни