Поврзете се со нас

Светски првенства

Богдановиќ ги реши Литванците, па порача: Бориша ни испрати порака, оваа победа е за него!

Објавено

на

Репрезентацијата на Србија ја совлада Литванија и избори место меѓу четирите најдобри на Мундобаскетот.

Нашите соседи им одржаа вистинска лекција на Литванците (87-68), селекцијата која досега беше перфектна на шампионатот, имаше пет од пет, низа во која беше и триумфот над САД.

Меѓутоа секој натпревар е посебен, посебна приказна и денеска Србите доминираа, има повеќе решенија и заслужено дојдоа до полуфиналето. Најдобар на теренот беше Богдан Богдановиќ со 21 поен, 4 скока и 3 асистенции, па како лидер на оваа генерација победата му ја посвети на соиграчот Бориша Симаниќ кој се соочи со здравствени проблеми и остана дури без бубрег откако заработи удар на пресметката со Јужен Судан.

-Добро се чувствувам. Сакам да кажам нешто од утрово. Нашиот соиграч Бориша Симаниќ ни даде неверојатна енергија. Бевме нервозни, особено јас. Од моите млади денови секогаш губев од Литванија. Ја видов пораката на Бориша. Тој кажа: Момци, добро сум. Само што размислуваше за нас, тоа е голема работа. Тој не обедини. Одличен дечко, ова е за него, -рече Богдан и додаде:

-Понекогаш не знам како да се однесувам во овие моменти. Многу емоции, многу одлични играчи. Среќен сум што сум во таа позиција. Можеби му кажав нешто на Гудура што му се допадна. Можеби тоа е нешто што му помогна да игра подобро. Тоа е добро. Штом помине ноќта, мора да продолжиме понатаму. Да размислиме за следниот противник. Тоа го научив од искуство. И добро и лошо, исто е. Денеска дадовме 300 проценти. Се надевам дека така ќе биде и во иднина, -порача капитенот на Србите кои во наредната рунда ќе се соочат со подобриот од Канада-Словенија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни