Поврзете се со нас

Шпанија

Беспилотно летало падна на „Сан Мамес“: Дрон прекина меч во шпанската Примера (Видео)

Објавено

на

Саботната програма во шпанскиот фудбал беше отворена со малото баскиско дерби кое се одигра меѓу Атлетик Билбао и Еибар, во кое главните возбудувања кога се во прашање головите ги видовме во првите 17 минути.

Јури Берчиче погоди за 1:0, Кике возврати на спротивната страна за 1:1, што на крајот се покажа како конечен резултат на малото градско дерби кое ни донесе и една несекојдневна ситуација во шпанскиот фудбал.

Во моментите кога течеше 68-та минута од средбата, главниот судија Пизаро Гомез беше принуден да го прекине натпреварот за момент, откако беспилотно летало падна на теренот.

Летечки дрон го прекина дуелот на „Сан Мамес“ во Билбао и сите играчи беа во неверица во тој момент, а потоа шпанските медиуми открија дека беспилотното летало со себе носело и порака.

Дронот беше проследен со транспарент од едно помало здружение во Баскија, кое го изрази огромното незадоволство што ова лето Билбао ќе биде еден од градовите домаќини на Европското првенство кое ќе се одржува во 12 града.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни