Поврзете се со нас

Италија

Бенасер: Не играме за второ или трето место, сакаме да бидеме шампиони

Објавено

на

Исмаел Бенасер конечно е фит и е подготвен да му помогне на Милан во завршницата на оваа сезона. Во овој дел „црвено-црните“ ќе влезат со негатива од шест бода во однос на лидерот Интер, но според Бенасер тој и соиграчите ќе направат се кампањата да ја завршат како шампиони.

-Долго време вака се немам чувствувано. Има уште 10 натпревари и јас како и сите други во тимот, ќе дадам 200 проценти. Ова се последните чекори за да се постигне нешто огромно. Играме да бидеме први, а не втори или трети. Ние сакаме да го постигнеме најдоброто што е возможно и тогаш ќе видиме каде ќе завршиме, -истакна Бесасер кој му се заблагодари на Златан Ибрахимовиќ за победнчкиот дух и менталитет што го вратил во Милано.

-Секој го знае, неговиот менталитет, тој е победник. Можеби го немавме ова искуство што тој го донесе со себе. Добро е за нас младите играчи затоа што се подобривме во ова. Сега сакаме да победуваме како што тој сака да победува.

-Нашето ниво е подобро дури и на тренинг. На тренинг сакаме да победиме, и тоа Ибра го донесе. Ние мора да бидеме горди на она што го правиме. Но има уште 10 натпревари до крајот на мај и ако не се справиме добро, сите ќе заборават сè што претходно направивме. Секој натпревар мора да биде како последен за нас.

-Го сакам италијанскиот фудбал, го сакам начинот на игра и тука многу се подобрив. Јас сум предизвикувач, па можеби ќе треба да пробам уште едно првенство. Но, засега ми е добро во Милано, имаме добар проект и среќен сум што сум тука, -потенцираше репрезентативецот на Алжир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни