Поврзете се со нас

Шпанија

Барса откри први детали за потпишаниот договор со Дани Алвес (Фото)

Објавено

на

Барселона не престана да објавува видеа и новости за ангажманот на Дани Алвес во изминатите неколку часа, па на ред дојде и официјалното соопштение од клубот во кое се откриваат и првите детали за изненадувачката операција.

Тоа што се најавуваше како можно сензационално сценарио кое треба да биде неочекувано за сите, вечерва доби своја официјална потврда од Барселона, клуб кој ја извести јавноста за ангажманот на слободниот агент кој во минатото цели осум години беше дел од првиот тим.

Искусниот десен бек кој во мај ќе наполни 39 години ќе ја започне својата втора етапа на „Камп Ноу“, но истата ќе ја стартува со мало задоцнување и покрај официјализирањето на зделката.

Поради финансискиот фер плеј, Барселона нема право да го пријави Дани Алвес во првиот тим до месец јануари, односно до отворањето на зимскиот преоден рок.

Во официјалното соопштение на Барса, се открива дека е постигнат договор со Бразилецот до крајот на актуелната сезона, но истиот ќе биде важечки од месец јануари. Исто така, се нагласува дека Дани Алвес ќе започне со тренинзите на првиот тим наредната седмица, а клубот додаде дека ќе се одржи и официјална презентација на која ќе бидат откриените и останатите детали од договорот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни