Поврзете се со нас

Италија

Балотели веќе има нов клуб: Со нас ќе обезбеди место во тимот за СП

Објавено

на

Марио Балотели имаше уште една чудна авантура во својата кариера и тоа со Монца, тим со кој не успеа да избори пласман во Серија А.

Договорот со таа екипа заврши и сега е во потрага по нов предизвик, предизвик по кој се изгледа ќе го пронајде во Турција. Од таму пристигнуваат информации дека популарниот Супер Марио е пред преселба во таборот на Адана Демирспор, тим кој се врати во првата турска лига.

-Со Балотели скоро постигнавме договор. Да речеме дека сме 85 проценти договорени. Марио ни рече дека сака да ни се придружи, тој ќе дојде во Турција следната недела. Ако постигнеме договор, тогаш тој ќе го носи нашиот дрес. Сака да биде успешен со нас и да оди на СП во Катар, -истакна претседателот на Адана, Мурат Санџак.

Ако Марио потпише за овој клуб тогаш треба да има навистина екстра, неверојатна сезона за да го убеди Манчини за да го земе во составот за СП кое е на програмата наредната година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни