Поврзете се со нас

Англија

Артета за критиките за новото засилување на Арсенал: Тој не е стар…

Објавено

на

Арсенал обезбеди засилување во офанзивната линија и тоа во името на белгискиот репрезентативец, Леандро Тросар кој дојде од редовте на Брајтон.

Тој не беше прв избор на „топчиите“ кои многу го посакуваа Михаило Мудрик кој на крајот заврши во Челси, поточно Арсенал мораше да бара друга опција и истата ја најде во ривал од Премиер лигата. Има такви кои го критикуват лидерот во ПЛ за ангажманот на Тросар поради неговиот професионализам, но и фактот што „топчиите“ ја прекришија нивната стратегија со оглед на изминативе години купуваа помлади играчи и најдобар доказ за тоа е што последниот купен играч со 25 години беше Томас Парти во 2020 година.

-Неговите години не се проблем. Многу е едноставно. Тимот сега може да прифати играч од 28 години. Со вистинско искуство, вистинска разновидност, вистински квалитет и по вистинската цена, сигурно. И немавме дилеми за тоа.

-Не е дека моравме да потпишеме со 20, 21, 22-годишници во следните пет години. Тоа не е планот. Треба да имаме рамнотежа и во моментов имаме навистина добар баланс во тимот, може да апсорбира играч на таа возраст. Ние сме многу уверени дека потпишавме со вистинската личност и вистинскиот играч. Го познаваме играчот, очигледно копаме во искуствата и личноста и односот што тој го имаше во другите клубови, -порача менаџерот Микел Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни