Поврзете се со нас

Англија

Арсенал лесно се справи со Челси и се врати на првото место во ПЛ (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Арсенал рутински се справија со Челси (3-1) во вечерашната средба со која се затвори 34. коло во Премиер лигата.

Избраниците на Микел Артета имаа јасно поставена цел која успеаа да ја остварат со едно фуриозно прво полувреме или поточно 34 минути во кои го нокаутираа градскиот ривал.

Во 18 и 31 минута видовме два погодоци во режија на Џака и Одегард, Швајцарецот ја имаше улогата на асистент, додека пак Норвежанецот мајсторски реализираше. Набрзо потоа дојде и погодокот од страна на Жезус со што стана јасно каде ќе завршат трите бода.

Гостите кои се катастрофални во оваа кампања се изборија за почесен гол во вториот дел преку Мадуеке во 65 минута.

„Топчиите“ со денешниот резултат се вратија на првото место на премиерлигашката табелата со 78 бода или два повеќе од Манчестер Сити кој воедно има два натпревари помалку од составот од северен Лондон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни