Поврзете се со нас

Светски првенства

Американците се налутија и брутално ја декласираа Италија (Видео)

Објавено

на

По Србија, репрезентацијата на САД е вториот патник во полуфиналето на Светското првенство, откако избраниците на Стив Кер одговорија позитивно по последниот шок од Литванија.

Американците загубија на последниот меч во втората рунда и завршија како втори во групата, но во пресметката со Италија тргнаа офанзивно од самиот старт и на крајот ги декласираа „аѕурите“.

Кошаркарите на Џанмарко Поцеко немаа никаква шанса против разиграните Американци и претрпеа еден од најболните порази во историјата, бидејќи мечот заврши 100:63.

Американците испорачаа „стотка“ и без голема мака ја декласираа Италија во мел во кој дури 11 кошаркари се запишаа како поентери, од кои најефикасен беше Бриџис со 24 поени.

Америка во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Германија и Летонија, додека Србија ќе чека ривал од пресметката Канада-Словенија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни