Поврзете се со нас

Шпанија

Алвеш од Барселона им се обрати на навивачите: Ајде да уживаме и сите заедно…(ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона го повлече првиот конкретен потег на трансфер пазарот по доаѓањето на новиот тренер Чави Ернандез, а тоа е доведувањето на искусниот бразилски интернационалец Дани Алвеш.

Алвеш како слободен агент се враќа на „Камп Ноу“ во клубот во кој ги мина најдобрите моменти во кариерата, клубот со кој ги освои сите можни титули. Сега Дани ќе се обиде со своето искуство, знаење, квалитет, лидерство да им помогне на каталонците кои се обидуваат одново да изградат состав кој ќе биде конкурентен и ќе може да ги нападне титули во сите натпреварувања.

Големиот борец веќе е во Барселона и одлучи да им се обрати на навивачите со јасна порака:

-Здраво кулеси.Веќе сум во Барселона, заедно со вас. Многу сум среќен што се вратив дома, се надевам дека наскоро сите ќе ве видам. Ајде да уживаме и сите заедно да ја обновиме оваа екипа која ја сакаме. Бакнежи, -порача дефанзивецот кој дури од 2022 година ќе може да игра за шпанскиот великан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни