Поврзете се со нас

Европски првенства

Алаба: Ќе проработиме на ЕП, Македонија ќе биде отскочна даска за успех

Објавено

на

Селекцијата на Австрија е првиот наш противник на Европското првенство, ривал со кој ќе се соочиме на 13 јуни во Букурешт.

Тоа е репрезентација од која двапати загубивме во квалификаците за шампионатот (2-1, 4-1), но сега ситуацијата е поинаква, ние имавме можност да напредуваме, додека пак Австријците во последно време и не се баш во посакуваната форма.

Тие во двете подготивителни средби за ЕП не успеаа да слават ниту против Англија, ниту Словачко, а воедно не успеаа да дадат ниту еден гол што е уште еден факт дека се соочуваат со одредени проблеми. Сепак првата ѕвезда, Давид Алаба е оптимист и верува дека работите ќе се променат и воедно го гледа дуелот против четата на Игор Ангеловски како отскочна даска за успех.

-Ако ги погледнеме пријателските натпревари, ние направивме с ешто требаше. Создававме шанси, единаствената замерка е слабата реализација. Убеден сум дека ќе проработиме на ЕП, верувам дека Македонија ќе биде наша отскочна даска,-порача Алаба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни