Поврзете се со нас

Лига Европа

Адеми испрати капитенска порака по сензацијата на „Максимир“: Не фаќаа и грчеви од замор, но…

Објавено

на

Динамо Загреб направи огромна сензација и го елиминираше премиерлигашот Тотенхем за пласман во четвртфиналето во Лигата на Европа, подвиг и успех на кој посебно горд остана долгогодишниот капитен на „модрите“, Аријан Адеми.

Македонскиот репрезентативец беше повлечен од игра во 118-та минута и нетрпеливо го чекаше последниот судиски свиреж пред да влета на теренот по неверојатните 3:0, а во првата изјава која ја даде за хрватските медиуми, не пропушти да го нагласи круцијалното значење на херојот на „Максимир“, Мислав Оршиќ.

Напаѓачот постигна хет-трик и го шокираше богатиот Тотенхем предводен од Жозе Мурињо, а Адеми призна дека тој и неговите соиграчи вложиле максимални напори, до толку што на крајот имале и грчеви.

– Одигравме навистина добро и заслужено победивме. Верувавме во ова уште на првиот меч во кој влеговме со грч во Англија. Овој тим е подготвен за големи работи, а што се тоа големи работи ќе видиме во блиска иднина. Ни недостасуваше и малку среќа во регуларниот дел, но тука беше Оршиќ.

– Што да се каже после ваква партија од него. Гиневме еден за друг, не фаќаа и грчеви од замор, едноставно дадовме се од себе и нема да застанеме тука. Сега не чека натпревар против Горица во домашното првенство, треба да докажеме дека сме најдобри во Хрватска, – изјавил капитенот во свој стил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни