Поврзете се со нас

Конференциска лига

Волеј магија од корнер: Паје го постигна голот на годината во Европа! (Видео)

Објавено

на

Покрај четвртфиналната програма во Лига Европа, оваа вечер се играат четвртфиналињата и во Конференциската лига на Европа, а од натпреваот во Марсеј ни пристигна сериозен кандидат за гол на сезоната.

Фудбалските медиуми од Франција експресно почнаа да пишуваат за „Пушкаш“ наградата која ја доделува ФИФА, бидејќи Димитри Паје изрежира ремек-дело за најавните шпици.

Марсеј замина со предност од 2:0 против ПАОК на полувреме, а главен виновник за тоа е поранешниот француски репрезентативец кој режираше магија.

Паје зафати на прва едно додавање од корнер и испрати неодбранлив удар во голот на грчкиот тим, па така пред паузата Марсеј дојде до предност од два гола.

Ундер беше изведувач на корнерот од десната страна, па така Турчинот стана асистент на еден од најубавите голови во Европа оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни