Поврзете се со нас

Свет

Ван Дер Сар бил фрапиран од скромната ѕвезда: Сите доаѓаа на тренинг со Ферари, а Зидан дојде со….

Објавено

на

Едвин Ван Дер Сар е легендарен холандски голман кој може да се пофали дека има освоено речиси се што може да се освои на клупски план, успеси кои претежно ги доживеа како чувар на мрежата на Ајакс и подоцна во Манчестер Јунајтед.

Во меѓувреме, Ван Дер Сар мина две години и во Јувентус каде бранеше две сезони, но потоа одби да биде втор голман во тимот откако „старата дама“ го урна рекордот со ангажманот на Џанлуиџи Буфон. И покрај тоа што не освои некој позначаен трофеј во Јувентус, Ван Дер Сар има позитивни сеќавања од периодот во Торино, меѓу другото и поради фактот што ја делеше соблекувалната со фудбалски мајстор како Зинедин Зидан.

Актуелниот директор на Ајакс вели дека Зизу бил навистина нешто посебно со топката, но уште поимпресиониран бил од неговата скромност и понизност за фудаблска ѕвезда од таков карактер.

– Зидан не е човек кој многу зборува, дефинитивно не зборуваше многу. Тогаш не зборуваше многу англиски и се обраќаше на француски и италијански. Но, начинот на кој ја водеше топката и на кој ја движеше на теренот, тоа беше нешто посебно, – потенцира Ван Дер Сар за  „Ziggo Sport“ и открива.

– Тој беше навистина различен. Сите доаѓаа на тренинг со Ферари, а тој дојде со Фиат, обични фармерки, бела маичка Левис и Адидас патики. Беше комплетно поразличен од другите кои доаѓаа со Ферари, Долче Габана и Версаче парчиња, – додава Холанѓанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни