Поврзете се со нас

Германија

Вацке: Се поставува само едно прашање за иднината на Халанд

Објавено

на

Јоаким Вацке најави разговори со Ерлинг Халанд, неговиот татко и агентот Мино Раиола во најскоро можно време, со цел да се избегне непријатно сценарио кое во ниту еден случај не го посакува клубот.

„Милионерите“ завршија трети во групата Ц и тоа секако е сериозен финансиски и спортски удар за клубот, кој сега ќе има уште помали шанси да го задржи својот најдобар голгетер за кого се верува дека има ослободителна клаузула во 2022-ра година.

Ерлинг Халанд се верува дека може да побара дозвола за трансфер наредната година за точно одредена сума која се предвидува дека е од 80 до 100 милиони евра, а Вацке како извршен директор на Борусија призна дека контролата не е во нивни раце.

– Ќе зборуваме со неговите претставници во наредните неколку недели. Не сме единствените кои ја имаме ситуацијата под контрола и вистина е дека зависиме од сигналите кои ќе ни ги упатат од спротивната страна.

– Прашањето е следно? Ќе ја активира клаузулата или не? Се надеваме на пријателски разговори, не би сакале да чекаме на одговор за ова до март или април, – потенцира Вацке за „Амазон Прајм“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни