Поврзете се со нас

Англија

Тухел за „бунтовникот“ Лукаку: За мене беше важно да разберам дека тој…

Објавено

на

Тренерот на Челси, Томас Тухел отворено зборуваше за последната ситуација која создаде немир во соблекувалната на клубот, поттикната од напаѓачот Ромелу Лукаку.

Лукаку даде интервју во кое посочи дека не е задоволен од стилот кој го негува германскиот стратег и истакна дека еден ден ќе се врати во редовите на Интер.

Откако „секирите се закопаа“ и Лукаку почна да тренира со првиот тим, Томас Тухел излезе со изјава за „бунтовниот“ напаѓач.

– Ромелу Лукаку се извини и тој е назад во составот. За мене важно е што разбрав дека Ромелу немал никаква зла намера. Ова не е толку големо колку што луѓето сакаат да биде, не е мала работа, но може даостанеме смирени и да го прифатиме извинувањето.

– Реакцијата на фановите на Челси? Ромелу е свесен од тоа што се случи и што креираше. Тој чувствува одговорност да го расчисти хаосот кој го создаде. Можеби ќе му е тешо, но може да се носи со тоа. Немаме друг избор, тој е наш играч.

– Немам никакви сомнежи за Ромелу Лукаку и неговата посветеност на тимот. Тој е премног посветен и токму затоа неговото интервју беше изненадувачко. Никогаш не креирал проблем и е многу емотивно момче. Се надевам дека навивачите ќе ме сфатат што зборувам и ќе го поддржат тимот  како што секогаш го поддржуваат, -изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни