Поврзете се со нас

Англија

Тухел призна дека Челси дава максимум за да задржи еден играч: Сигурен сум дека знае…

Објавено

на

Тренерот на Челси, Томас Тухел не даде конкретен одговор дали еден од најдобрите фудбалери на клубот, Антонио Ридигер ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ и по крајот на оваа сезона.

Договорот на германскиот фудбалер истекува по крајот на актуелната натпреварувачка сезона и тој веќе може да преговара со други заинтересирани клубови за негов трансфер како слободен агент во летниот преоден рок.

Вчера излегоа информации дека Ридигер преговара со четири клубови, а Тухел денеска не сакаше да ги демантира ваквите најави.

– Не можам да ја предвидам иднината. Не знам дали неговите агенти преговараат со други клубови, сега тоа му е овозможено.

– Едно сум сигурен, дека Антонио знае колку многу го ценам, постојано сме во комуникација, а од клубот го прават максимумот за да го задржат, -изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни