Поврзете се со нас

Англија

Тухел го запостави откровението на Лампард: Тој има три големи проблеми во мојот тим!

Објавено

на

Били Гилмор беше еден од омилените играчи на Френк Лампард од младинскиот погон на Челси и со претходниот менаџер доста често добиваше шанса, но откако Томас Тухел е на чело на првиот тим, талентираниот играч за врска сериозно западна во втор, односно трет план.

Ситуацијата комплетно стана специфична откако Гилмор не доби повик и од страна на шкотската фудбалска репрезентација на претстојните три квалификациски натпревари за Светското првенство, поради што Тухел денеска беше приморан да дава одговори за 19-годишниот фудбалер на кого не му дозовли трансфер на крајот од јануарскиот преоден рок.

Гилмор има само еден настап за Челси откако Томас е назначен за менаџер, а во добрата серија на тимот, тој речиси и да немаше никакво влијание на теренот.

– Не постои грешка во одлуката која ја донесов. Тој не донесе никаква одлука, моја одлука беше да остане. Одлуката беше донесена за Челси, а не за неговите лични афинитети. Тој прифати да остане во разговор од пет минути, тој добро знае колку го почитувам.

– Сепак, ако бидеме реални, тој има три големи проблеми во средниот ред. Нголо Канте, Матео Ковачиќ и Жоржињо. Му препорачувам на фудбалскиот сојуз на Шкотска да го повика следнипт пат, бидејќи тој тренира на врвно ниво, иако не доаѓа до израз. Никој не треба да биде загрижен за него, тој е премногу млад, – порача Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни