Поврзете се со нас

Шпанија

„Тројка“ на Барселона за петта победа во низа во Примера (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Барселона ја продолжија одличната серија на резултати во Примера каде попладнево ја забележаа петтата победа во низа и тоа во пресметката со Елче (3-0).

Домашниот состав важеше за апсолутен фаворит и тоа го потврди на теренот на „Камп Ноу“ каде постигна три гола, еден беше поништен поради офсајд, а пропушти уште неколку прилики за уште поубедлив триумф.

Верду во 14 минута доби директен црвен картон по што беше олеснета работата за Барселона, па од 34 до 41 минута Левандовски и Депај дадоа два гола за 2-0.

Потоа следуваше поништен гол на Педри за да во вториот дел Левандовски одново се запише во листата на стрелци и дојде до 8 погодок во шампионатот.

Четата на Чави е на првото место во Ла Лига со 16 бода, во следното коло и гостува на Мајорка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни