Поврзете се со нас

Англија

Трипие се огласи по разочарувачкото деби во Њукасл (Фото)

Објавено

на

Њукасл му плати 12 милиони фунти на Атлетико Мадрид и го претстави Киран Трипие како прво големо и звучно засилување во ерата на саудиските милијардери, но англискиот репрезентативец сигурно нема да го памети по добро своето деби на „Ст. Џејмс парк“.

Премиерлигашот вчера претрпе срамна елиминација во третата рунда на ФА Купот од третолигашот Кембриџ Јунајтед со резултат 0:1, а во прилично силниот тим кој го извади менаџерот Еди Хау, Трипие беше стартер.

Хау излезе со состав како да се работи за премиерлигашка пресметка, но ниту тоа не му помогна на тимот пред кој сега е клучен натпревар во битката за опстанок во елитата.

Њукасл на 15-ти јануари ќе го пречека Вотфорд на домашен терен, а Трипие најави дека максимално ќе се подготвува овие шест дена по големото разочарување кое го доживеа на дебито.

– Благодарност до сите за одличниот пречек. Олигледно, ова не беше резултатот кој го очекувавме и кој го баравме. Сега мора да се фокусираме на важната недела во која претстојат тренинзи пред натпреварот со Вотфорд, – порача Трипие.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни