Поврзете се со нас

Македонија

Трагедија ја потресе Македонија: Се удави голманот на РК Охрид

Објавено

на

Вистинска трагедија утрово го потресе градот Охрид и Македонија. Локалниот медиум „Охридњус“ пренесе информации дека голманот на ракометниот клуб, Никола Даниловски од непознати околности го загубил својот живот.

Безживотното тело на Даниловски утрово било извадено од водите на Охридското езеро, а според информациите на медиумот врз него немало траги на насилство.

Уште од синоќа било пријавено неговото исчезнување по што полицијата интензивно трагала по него, а утрово за жал потрагата завршила со трагичен крај.

На местото каде е пронајдено телото во моментов полицијата врши увид, а повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на денот.

Даниловски кој претходно бранеше и за Металург и Пелистер често беше повикуван и во сениорската репрезентација на Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни