Поврзете се со нас

Свет

Трабзон кренал раце од Алиоски, веќе ангажирал и нов лев бек

Објавено

на

Тимот на Трабзонспор кренал раце од намерата да го ангажира нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

Од турскиот шампион биле „уморни“ од преговорите со претставниците на Алиоски кои барале нешто повисоки примања за играчот.

Токму затоа, од Трабзонспор го искористиле „планот Б“ и го ангажирале младиот 22 годишен Ерен Елмали од редовите на Касимпаша.

Алиоски долго време се поврзуваше со трансфер во турскиот шампион кој ова лето ќе игра и во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите, но сега очигледно ќе мора да бара друго решение за својата иднина.

Останува да се види каде ќе продолжи Алиоски кој во моментов е слободен агент откако спогодбено го раскина договорот со тимот на Ал Ахли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни