Поврзете се со нас

Формула 1

Тимскиот шеф на Хас информираше за состојбата на Грожан

Објавено

на

Ромен Грожан мина без потешки повреди по сериозниот инцидент на Формула 1 трката во Бахреин, каде по силниот удар во заштитната ограда, болидот заврши на два дела, а се појави и пожар.

Шокантната глетка ги исплаши фановите, но за среќа возачот на Хас брзо се извлече од местото на инцидентот и ќе мине без поголеми последици.

Тоа го потврди и тимскиот шеф на Хас, Гинтер Штајнер.

– Грожан е во добра состојба. Има лесни изгореници на рацете и зглобовите, беше потресен од шокот, но сега ги минува сите вообичаени прегледи.

– Изгледа добро, се чини дека интервенцијата на екипата за спасување беше брза, маршалите и ФИА завршија добра работа, затоа што изгледаше страшно, – изјавил Штајнер.

Страшен инцидент на Грожан во Бахреин, возачот на Хас спасуваше жива глава (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни