Поврзете се со нас

Италија

Тифозите на Милан им делеа лекции на Пиоли и играчите по поразот од Специја (Видео)

Објавено

на

Милан има поддршка од своите навивачи на било кое гостување во Италија, па така беше и денеска на натпреварот на кој „росонерите“ забележаа нов непријатен удар во Серија А.

По поразот од Интер во првото полуфинале во Лигата на шампионите, Милан се погрижи за лошо загревање за реваншот, бидејќи попладнево се прикажа во навистина бледо издание против Специја.

Тимот кој се бори за опстанок постигна два гола во завршницата и успеа да оствари огромна победа од 2:0, која сега значително ги комплицира работите за Милан кога е во прашање топ четири пласманот и настапот во Лигата на шампионите наредната сезона.

Милан ќе мора цела сезона да ја вади во реваншот со Интер кој се игра за три дена, па нервозните навивачи ги повикаа фудбалерите по последниот судиски свиреж и имаа што да им кажат за лошото издание.

Дел од групата беше и тренерот Стефано Пиоли, кој им остави простор на лидерите навивачката група да го искажат незадоволството за навистина лошото издание.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни