Поврзете се со нас

Македонија

ТФТ подобар од Работнички, важна гостинска победа за ФМП

Објавено

на

ТФТ го доби скопското дерби со Работнички (73:77) и уште еднаш покажа дека ќе има големи амбиции до крајот на сезоната во македонското кошаркарско првенство.

Во уште еден скопски дуел, Вардар го победи вториот тим на МЗТ со 85:79, додека ФМП Академија успеа да оствари важна победа на гостувањето кај Кожув.

ТФТ водеше речиси цел натпревар против Работнички, стигна и до предност од дванаесет поени во неколку ситуации, па на крајот заслужено ги освои поените со резултат 73:77.

Андерсон и Смит со по 17 поени беа најдобри реализатори кај победникот, додека во редовите на Работнички Николовски реализирал 18 поени.

Вардар имаше контрола на резултатот во дуелот со МЗТ Скопје Уни Банка и ја заслужи победата со резултат 85:79, со што се израмни со денешниот противник според бројот на победи (четири).

Дикембе со 26 и Прауел с 23 поени доминираа на теренот во дресот на Вардар, а кај вториот тим на МЗТ, Монтгомери реализирал 17 поени.

ФМП Академија го совлада Кожув на гостински терен (77:84), остварувајќи ја веќе деветтата победа сезона во шампионатот.

Гостите имаа подобар почеток и водство на полувремето, но Кожув се врати во игра во третиот период и ја врати неизвесноста. Сепак во четвртата четвртина следуваше нов удар од ФМП, кој значеше и победа за гостинската екипа од Скопје.

Крстајиќ со 28 и Херис со 17 поени беа најдобри реализатори кај ФМП, додека Станојевиќ постигнал 26 поени во редовите на Кожув.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни