Поврзете се со нас

АТП

Тениска лекција од Ноле: Ѓоковиќ го почести домашниот тенисер со „компир“ во Синсинати (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/CincyTennis

Новак Ѓоковиќ не можеше да замисли подобра подготовка за полуфиналето на Мастерсот во Синсинати, откако рано утрово прикажа страшно ниво во последното четвртфинале и не му даде никаква шанса на домашниот тенисер.

Играта која ја прикажа Тејлор Фриц досега беше најава за возбудлив меч против Србинот, но до тоа не дојде бидејќи Ноле беше максимално инспириран и играше тенис без грешка.

Новак одигра совршен прв сет и го почести Фриц со тениски „компир“, односно не загуби ниту еден гејм и славеше со 6:0. Србинот не застана тука и тениската лекција за противникот ја продолжи и во вториот сет, па за точно еден час игра го збриша ривалот од теренот.

Ѓоковиќ направи брејк во клучен момент и во вториот сет и славеше со 6:4, па со ова брутално издание јасно стави до знаење дека ја напаѓа титулата на Мастерсот во Синсинати.

До тоа го делат уште две пречки, а првата во полуфиналето ќе биде Германецот Александер Зверев кој славеше над Манарино со 2:0. Во другото полуфинале, силите ќе ги одмерат Алкарас и Хуркач.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни