Поврзете се со нас

Франција

Тенас правеше чуда, Мбапе и Витиња го решија проблемот кој го направи Донарума (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

ПСЖ мораше добро да се намачи за да освои три бода на гостувањето во Авр, каде тимот на Ле Авр имаше предност од играч повеќе речиси цел натпревар.

Џанлуиџи Донарума заработи директен црвен картон во 10-та минута и ги остави своите соиграчи на цедило, но неговата замена се претвори во херој за „светците“ од престолнината.

Тенас правеше чуда на голот и со седум успешни интервенции беше играч на мечот, без оглед на тоа што големи заслуги за победата на ПСЖ имаат и двајцата играчи кои постигнаа гол.

Килијан Мбапе со прецизен и добро измерен удар го совлада домашниот голман по додавањето од Дембеле, додека во самата завршница од мечот, Витиња со доста среќа ги постави конечните 0:2.

На овој триумф доста многу се израдува и Луис Енрике, од една страна поради тешките услови, но и поради фактот што неговиот тим сега има четири бода предност пред Ница која загуби од Нант.

Головите погледнете ги ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни