Поврзете се со нас

Италија

Судијата Мареска остана без картон во рака по бруталниот старт на Рибери (Видео)

Објавено

на

Џенова и Фиорентина ги поделија бодовите во еден од попладневните дуели во Серија А, натпревар на кој поштеда од домашниот тренер доби Горан Пандев.

Македонскиот капитен секако беше физички и емотивно исцрпен по историската победа над Германија пред три дена, па денеска воопшто не беше во комбинација на натпреварот кој заврши 1:1, а кој ни донесе и еден невнимателен потег од најсискниот играч на теренот.

Франк Рибери беше голема опасност кон голот на Џенова, се до 52-та минута кога приреди навистина непотребен старт поради кој сосема заслужено доби исклучување.

Искусниот Французин кој за четири дена ќе наполни 38 години жестоко стартуваше над Запакоста, па неминовно беше предвременото испраќање кон соблекувалната.

Главниот судија Мареска не се двоумеше ниту секунда да извади црвен картон, но во обидот да побрза со тоа, приреди и комична сцена. Црвениот картон му падна на земја, па мораше од втора да му го покаже на Рибери патот кон соблекувалната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни