Поврзете се со нас

Англија

Солскјер се уште не може да преболи една одлука на Ван Гал: Тој требаше и денеска да игра за Јунајтед

Објавено

на

Лестер и Манчестер Јунајтед утре ќе ги одмерат силите во четвртфиналето во ФА Купот, дуел пред кој Оле Гунар Солскјер уште еднаш нагласи какви симпатии чувствува кон играчот кој според него не требал никогаш да го напушти „Олд Трафорд“.

Актуелниот менаџер на Јунајтед очигледно не може да ја преболи одлуката на Луи Ван Гал, кој пред неколку години доста лесно се ослободи од Џони Еванс кој сега игра навистина многу важна улога во Лестер и во системот на Брендан Роџерс.

Холандскиот стручњак го продаде стоперот на ВБА за симболична сума, а потоа Еванс заврши во Лестер и веќе трета сезона игра на навистина високо ниво, нешто што не е изненадување за Солскјер.

– Според мене, Џони Еванс и ден денеска требаше да биде играч на Манчестер Јунајтед. Но, понекогаш работите во фудбалот се такви. Фудбалот ве носи на различни места, а промените во менаџментот носат такви трансфери.

– Сигурен сум дека и Еванс има идентични чувства кон Јунајтед како што ние тука го сакаме него. Навистина е задоволство да се гледа како добро игра. Не може да го вратиме минатото, секој треба да продолжи по својот пат, – изјави Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни