Поврзете се со нас

Англија

Сколс жестоко распали по Керик и неговите соработници: Би бил засрамен ако бев во нивниот тим

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс упати жестоки зборови на адреса на Мајкл Керик, Мајк Фелан и Кјеран Мекена кој за разлика од Солскјер останаа во Манчестер Јунајтед.

Овој троец ќе го води клубот на следните натпревари додека не биде најдена перманентна замена за Солскјер, а Сколс смета дека токму тие треба да се засрамат што прифатиле да го водат тимот во овој период.

За Сколс тие се подеднакво виновни за моменталната ситуација во клубот и требало сами да си заминат веднаш штом Оле и официјално добил отказ.

– Би бил засрамен ако сум во тренерскиот состав во моментов.

– Сите требаше да си заминат, да бидат отпуштени или да си заминат по своја иницијатива. Сите се подеднакво виновни за моменталната ситуација, -изјави Сколс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни