Поврзете се со нас

Светски првенства

Шпанија со фуриозна партија ја започна одбраната на титула, САД рутински со Нов Зеланд

Објавено

на

Репрезентацијата на Шпанија оствари сигурна победа над Брегот на Слоновата Коска (94-64) во првата средба на Светското првенство.

„Црвената фурија“ го брани трофејот на овој шампионат, па ваквите изданија на избраниците на Скариоло треба да помогнат кога ќе дојдат оние вистински предизвици, битки со конкурентите за највисок пласман.

Скариоло им даде шанса на сите играчи, прво име беше Вили Ернангомез со 22 поени, неговиот бран Хуанчо уфрли 11, а Гаруба 12 кошеви. Коне пак со 11 поени беше најсветла точка кај поразените.

САД пак рутински го суредија Нов Зеланд со 99-72. Американеците не блескаа, ама одиграа доволно за да успешно ја решат првата задача на турнирот. Шест играчи беа двоцифрени, се издвои Банкеро со 21 поен, зад него беше Едвардс со 14 кошеви.

Србија пак беше подобра од Кина со 105:63.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни