Поврзете се со нас

АТП

Шарапова за незаборавната ноќ со Ѓоковиќ: Ме однесе на вечера и се однесуваше како фан

Објавено

на

Марија Шарапова одлучи да стави крај на својата играчка кариера на почетокот на оваа 2020-та година, па со ваквото свое решение, секако ги растажи фановите, но и своите колеги кои долги години уживаа во нејзините настапи на турнирите.

Хроничните проблеми со повредите на крајот ја натераа атрактивната Русинка да се повлече од професионалното играње на 33 години, а не е тајна дека еден од нејзините најдобри пријатели на турот беше светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ.

Србинот со емотивна порака ја испрати својата колешка во пензија, а сега двајцата на фановите им понудија онлајн сесија на Инстаграм, преку која Шарапова откри и една интересна анегдота од нивните почетоци на терените.

– Се сеќавам дека се запознавме на еден егзибициски турнир, двајцата бевме многу млади. Не знам дали во тој момент имаше освоено било каков турнир, се сеќавам дека беше турнир во Индијан Велс. Игравме микс двојки заедно и ми рече дека ќе ме однесеш на вечера ако победиме. Победивме и тогаш сфатив дека зборуваш сериозно и завршивме заедно во јапонски ресторан таа ноќ, – порача популарната Маша со насмевка на лицето и се надополни.

– Носеше стар апарат со тебе и побара од келнерот да не слика заедно, а сега сме тука и зборуваме заедно после толку години. Тој ден се однесуваше како фан , – додаде Шарапова, зборови со кои го насмеа и Ноле кој ја потврди приказната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни